18 Јануари, 2025
0.0285

Родителите не се обврзани да купуваат работни листови

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во Република Македонија пет години се спроведува системот на бесплатни учебници. Законот за учебници јасно дефинира што е употребливо како учебник и како наставен материјал. Никогаш работните листови не биле предвидени. Работните материјали воопшто не се задолжителен елемент во образовниот систем и родителите немаат обврска да ги купуваат.

Ова денеска го потенцира министерот за образование и наука Спиро Ристовски, по презентацијата на методологијата и критериумите за рангирање на универзитетите и високообразовните установи во состав на универзитетите во Република Македонија.

- Ова било само еден мини бизнис на кој, јас како министер ќе се обидам да му ставам крај. Нема да оставам за ситни бизнис интереси да трпат децата и нивните семејства од финансиски аспект, рече Ристовски.

Министерот Ристовски појасни дека не смее ниту еден наставник или директор да ги задолжува родителите да купуваат дополнителни наставни материјали, посебно не од конкретно наведени автори.

- Не ги забрануваме работните листови и дополнителните материјали во рамки на образовниот систем. Тие се индивидуално право на секој родител. Секој родител може да определи дали ќе набави дополнителен материјал за домашна употреба на неговото дете, рече Ристовски.

Најави дека ќе има надзори и контроли за злоупотребите што се случуваат во училиштата, односно наменското упатување на родителите да набавуваат конкретни дополнителни работни материјали, од определени издавачи, со опис на корицата.

Авторите, појасни Ристовски, кои коментираат за тоа дека по нивниот предмет, на делот кои се автори биле потребни работни материјали, се соочувата со друг проблем.

- При понудата на својот учебник, тие треба да ја понудат и работната тетратка. Ова го ценам како дополнителна желба за  нивна комерцијализација и извесен дополнителен финасиски интерес што е надвор од законите. За мене поголем интерес се 200 илјади семејства во Македонија кои тотално непотребно беа ставани на трошоци, за разлика од 10 издавачи или 20 автори кои успеале по индивидаулани канали да се обидуваат да ги наметнат своите работни тетратки. Интересот на 200 илјади семејства е многу поголем за нас, и како Министерство и како Влада, за разлика од поединечни интереси на некои автори или издавачи, потенцира Ристовски.

Тој нагласи дека наставниците мора да се придружуваат до тоа што е законски определно и што е потврдено од Министерството и Бирото за развој на образование дека е единствено релевантен наставен материјал по кој детето учи.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение