Родителот кој се тепаше во Штип доби осум дена притвор
Објавено во: Македонија 25 Август, 2025 20:02
Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје кој вчера физички нападна двајца млади фудбалери за време на фудбалскиот натпревар за генерацијата 2009-2010 помеѓу клубовите „Скопје“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип.
Судијата на претходна постапка и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев, потврди дека на лицето од Скопје, А.А., му е одреден притвор од осум дена, по што ќе следи скратена постапка. Осомничениот ќе биде испратен во затворот во Куманово.
Основното јавно обвинителство – Штип денес поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Насилство по член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот извршил насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Скопје“. Со своите постапки ја загрозил безбедноста на две деца родени во 2010 година, играчи на екипата „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Покрај тоа, предизвикал чувство на несигурност, закана и страв кај оштетените, останатата присутна публика и јавноста“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




