18 Мај, 2024
0.0284

Романската влада преживеа при гласањето на недоверба

Објавено во: Свет 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците во романскиот парламент гласаа против поднесената интерпелација на владата. Гласањето беше побарано минатата недела од пратеници од опозициската Национал-либерална партија и од партијата Сојуз за спасна Романија. 

Настаните се последица на масовните протести, кои започнаа на 22 јануари, во кои демонстрантите стравуваа дека по промените во Кривичниот законик и декретот за амнестија, направени по иницијатива на кабинетот на слобода ќе излезат корумпирани политичари, а исто така опасни криминалци. Измените во законот предвидуваа амнестија за затворски казни, помали од 5 години, и декриминализација на злоупотреба на власт, ако штетите не надминуваат 200 000 леи (околу 40 000 евра). Тогаш владата ја објасни својата одлука со потребата да се растеретат преполните затвори.

Поради протестите романската влада го укина скандалозниот корупциски закон, но протестите не запреа. Во меѓувреме стана јасно дека владата е сокрила од Европската комисија какви точно се мотивите за скандалозните измени во Кривичниот законик на земјата. Според публикацијата, романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану претставил во Брисел "целосно искривена варијанта" на мотивите со кои владата издаде вонреден декрет 13/2017 за измени во кривичното законодавство.

Денес министерот за надворешни работи на Раманија најави дека останатите министри нема да имаат право да се сретнуваат со странски амбасадори во Брисел без претходна дозвола на Министерството за надворешни работи на Романија, пишува Romania Insider.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата