Романтичен сајт ги терал сиромашните корисници на проституција
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2017
Очигледно не сите сајтови или апликации за запознавање се романтични, бидејќи зад оваа маска оперирал норвешкиот сајт RichMeetBeautiful ги терал сиромашните корисници, пред се млади студенти да се проституираат со тоа што ќе ги спојува со богати спонзори кои ќе им плаќаат за дружење или секс услуги.
Да биде измамата на RichMeetBeautiful уште поголема без никаков срам поставиле реклами пред 12 универзитети со цел да ги привлечат младите студенти или студентки кои имаат потешка финансиска состојба за да најдат повозрасни богати спонзори кои ќе им плаќаат сметки или ќе им даваат скапи подароци.
Од RichMeetBeautiful кои оперираат во Велика Британија и Франција велат дека не сториле ништо нелегално бидејќи начинот на кој корисниците ќе ги активираат нивните услуги не зависи од нив туку тие постојат само како место за запознавање на двете категории.