15 Мај, 2024
0.0276

РСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување

Објавено во: Мои пари 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Доколку тргнувате на пат во услови на зголемени температури посветете внимание на следното:

Пред пакувањето - задолжително направете проверка на возилото кај вашиот овластен сервисер

Пред да тргнете на пат, проверете ја техничката исправност на возилото, посебно на уредот за управување и застанување, состојбата на пневматиците и електроинсталацијата.

Не дозволувајте некоја скриена неисправност на возилото да ве изненади во текот на возењето - тоа може да ве чини многу кога станува збор за вашата безбедност,  а секако ќе ве чини и многу пари и време.  Да не зборуваме за останатите непријатности и настанатите нервози.

Проверете во каква состојба ви е резервната гума и проверете дали имате прва помош во гепекот? Дали сте ставиле течност за миење на стаклата, итн.?

Наспијте се

Наспијте се добро пред да седнете зад воланот и пред да тргнете на пат! Не тргнувајте на пат веднаш после работното време. Поради заморот организмот ја намалува подготвеноста за проценка на ситуација и способноста за навремена реакција во сообраќајот.

Јадете нешто лесно – бидејќи, ако се прејадете ризикувате да ви се приспие и ризикувате  стомачни проблеми.

Понесете со себе доволно вода (вода, не слатки сокови,  од кои уште повеќе ќе бидете жедни). 

Внимавајте што ќе облечете на себе и на нозе

Немојте да возите во лабави и лесни летни обувки, без разлика што можеби тоа воопшто не ви пречи. Обувките мора да бидат такви да не можат да ви испаднат од стапалата.

Вашата гардероба треба да биде удобна, при што подобро е појасот да биде преку маица, отколку  на тело.

Никако немојте да возите боси -тоа не е дозволено и не е безбедно.

Информирајте се за предностите на ноќното и дневното возење

Доколку е возможно, избегнувајте возење во ноќните часови, без разлика на тоа што тогаш се помали турканиците, посебно на граничните премини.

Многу родители се одлучуваат за овој термин и поради тоа што ноќе децата воглавно го преспиваат патот.

Меѓутоа, ноќе предноста е послаба,  имате помалку можности да застанете и да се одморите, многу ресторани како и бензиски пумпи не работат ноќе.

Возењето дење е неспоредливо побезбедно, а можете и да уживате во убавините на природата, да организирате попатни излети. Правете паузи од 15 минути, на секои 2-3 часа возење, а при влезот во автомобилот редовно прегледувајте го возилото.

Клима уредот користете го паметно

Водете сметка за начинот на користење на клима уредот во возилото - разликата во надворешната температура и температурата во возилото  не треба да биде поголема од 5 до 10 степени, идеално е да биде седум степени целзјусови.

Не излегувајте од возилото  веднаш, туку при застанувањето, исклучете го клима уредот и отворете ги прозорците, бидејќи наглата промена на температурата може да предизвика колапс и несакани последици по организмот.

И паузите користете ги паметно

Во паузите се препорачува испивање на поголема количина вода и безалкохолни освежителни пијалоци, бидејќи недоволна хидрираност може да предизвика ослабување на подготвеноста за проценка и расудување, како и губитоци во брзината на реагирање и да предизвика поспаност и умор.

Препорака е возачот во текот на 24 часа, да вози вкупно девет часа, а без пауза најмногу 4 и пол часа. После тоа, се препорачува поголема пауза, минимум од 45 минути.

Врзете се - дури и ако ви пречи појасот

Врзете го појасот, без разлика на тоа што можеби ви пречи, ве гребе и слично. Казните се високи, а вашиот живот еден и единствен!  Исто така, мора да се врзат и сите останати во автомобилот -совозачот и оние кои седат на задните седишта.

Доколку не сте знаеле, според одредени истражувања, употребата на појасот на предните седишта го намалува ризикот од смртни последици при сообраќајни незгоди, до 50 проценти, а на задните седишта, до 75 проценти !

 Децата на возраст до 5 години задолжително треба да се возат во безбедносно детско седиште.

Немојте да брзате

Не брзајте и не престигнувајте на места каде што тоа не е безбедно.

Најголемиот број сообраќајни незгоди се предизвикани од непочитување на правилата за  ограничување на брзината, непочитување на правилото за првенството на поминување, неправилно престигнување, посебно на места каде тоа не е дозволено и безбедно, возење под дејство на алкохол и во состојба на зголемен умор на возачот, итн.

Запомнете! - Времето изгубено во евентуална сообраќајна гужва немојте да го надополнувате со брзо возење. На тој начин го зголемувате ризикот од предизвикување на сообраќајна незгода.

РСБСП ви препорачува,  уживајте во патувањето и  бидете безбедни. Тоа е најважно!


Можеби ќе ве интересира

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура