Рубљата го врати својот максимум
Објавено во: Економија 10 Април, 2015
Рубљата го врати својот максимум, објавија руските агенции.
На Московската берза еврото достигна за прв пат oд 3 ноември 2014-та нивото од 54 рубли, за време на трговијата.
Доларот за прв пат од 2 декември минатата година е 51 рубљи.
Според податоците еврото паднало за 1,37 рубљи, на ниво 53,99, а во текот на тргувањето за кратко дошло до 53,84 рубљи.
Доларот пак регистрирал пад од 1,04 рубли - до 50,82 рубљи.