28 Март, 2024
0.0299

Рударските компании во Охрид на регионален конгрес „Балканмајн 2013“

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Повеќе од 350 учесници и гости ќе бидат дел од 5-тиот балкански конгрес од областа на рударството „Балканмајн 2013“ што од денеска до 21. овој месец се одржува во Охрид.

Теми на дискусија на стручно-научниот собир во Охрид ќе бидат сите актуелности од областа на рударството - од експлоатација, истражувања, модернизација, компјутеризација односно примена на најновите технологии, геологија, се до законодавството во областа односно легислативата, како и перспективите на оваа стопанска дејност, која важи за една од клучните еконономски дејности во регионот.

- Рударството е една до водечките индустриски гранки во Македонија, оттаму што голем процент од работната сила во земјата отпаѓа токму на рударството. Имаме производство на јаглен, металични и неметалични минерални суровини, голем дел од индустријата и целосно економијата во Македонија се базира токму врз рударството, истакна Сашо Јовчески, претседател на Организацискиот одбор на „Балканмајн 2013“.

Тој додаде дека овие средби мошне се значајни од аспект на размена на искуства, особено во рамки на подготовките што се спроведуваат во Македонија за јамска експлоатација на јаглен.

- Перпсективата во рударството е во инвестициите, во јаглен како извор на енергија. Независно инвестициите на ЕЛЕМ во сончева енергија и ветерници за производство на електрична енергија, сепак јагленот е базичната суровина во која треба да се инвестира, забележа Јовчески.

Тој истакна дека Министерството за економија дава концесии за експлоатација и истражување, рударството се развива, со се повеќе фирми заинтересирани за развивање на бизнис во таа област.

Според бројот трудови ова е рекорден конгрес на кој ќе бидат претставени 132 научни елаборати, на експерти по рударство од 14 држави.

Во рамки на конгресот на 19 и 20 ќе се одржува и мал саем во хотелот „Белви“ во Охрид, на кој учествуваат 30 фирми и компании од областа на рударството, како и комерцијални презентации на производи и услуги од односната област.

„Балканмајн“ е организација во која членуваат 13 држави од регионот, а претходно вакви конференции беа одржани во Варна, Белград, Измир и Љубљана. Главен покровител на „Балканмине 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери и Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“.

Можеби ќе ве интересира

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА