19 Декември, 2025
0.0647

Рудникот Плавица крие многу злато

Објавено во: Економија 15 Мај, 2013 10:00

Добивај вести на Viber

Рудникот Плавица, покрај брзорастечкиот просперитет во Македонија, претставува “бунар без дно“ за злато. Тоа го увиде и компанијата „Генезис ресурсис“, која смета дека има поттик за да се почне нова рунда на дупчење за злато.
-Во 2012, видовме како рудните ресурси на Плавица се зголемени благодарение на бакарот и среброто и со тоа, вкупната ресурсна база подигна до 3,66 милиони унци злато, со процент од 0,75 грама по тон и со чистина од 0,5 грама по тон злато“, велат од компанијата.
Во новата рунда на дупчење ГР се фокусираше на источно-западната зона во северниот дел од Плавица и се врати со големи количини на злато.
Дупчењето на овој локалитет започна на 28-ми март, годинава, а ќе се фокусира на овие високи зони.
Вадењето злато од овој локалитет не е нова вест. Копањето и топењето на благородните метали, злато, сребро и бакар од овие простори било правено и пред две до три илјади години. Според историските документи, интерес за откопување злато на овие простори покажале античките Македонци, а потоа Римјаните и турските освојувачи. Во близина на Кратово биле пронајдени и златници, статери со ликот на Александар Македонски. Отворените рударски копови на планината Плавица од месното население и денес се именуваат како римски јами.
Рударството во овие краеви најголем развој имало во текот на 13 век со доаѓањето на познатите во тоа време германски рудари - Сасите. За краток временски период тие ги активирале старите рударски окна, но биле отворани и нови. Сасите го разработиле рударството, па во овој период овој крај бил познат по откопаните количини благородни метали: сребро, бакар, злато, но и по не така малата количина добиено олово. Важноста на рудниците од овој крај не била заборавена ниту по доаѓањето на турските освојувачи, кога во Кратово била отворена и првата ковачница за сребрени и за златни монети, познати како акчиња и алтуни.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?