Русија до Британија: Задржете ги тајкуните, вратете ги милијардите
Објавено во: Економија 10 Април, 2018
Рускиот државен обвинител Јури Чајка упати порака до Велика Британија ако сака да ги задржи сите над 60 обвинети и пребегнати руски тајкуни за кои не ги одобрува барањата за екстрадиција.
Затоа пак, за возврат британските власти треба да се потрудат и да вратат околу 10 милијарди долари кои руските бизнисмени на криминален начин ги имаат украдено од Русија.
Обвинителот Чајка вели дека ова е сумата на директната штета која ја направиле овие шеесетина руски тајкуни иако вистинските цифри кои ги имаат испумпано од руската економија се многу поголеми.
Според Чајка станува збор за осудени лица според руските закони кои од 2002 година ја одбегнуваат екстрадицијата со тоа што се засолнети во Велика Британија каде слободно го трошат и инвестираат украденото богатство. Се чека и одговор од страна на британските власти за ваквите обвинувања на Русија.