18 Мај, 2024
0.0310

Русија и даде 1 милијарда долари на Росатом, почнува изградбата на нуклеарна централа во Турција

Објавено во: Економија 15 Април, 2015

Добивај вести на Viber

„Росатом“ доби од руската влада транша од близу 1 милијарда долари за старт на проектот за нуклеарната централа „Акјују“ во Турција. Русија ја финансира првата во Турција нуклеарна централа, која ќе се гради по руски проект. Руската државна корпорација веќе доби транша од 51 милијарди рубљи (околу 990 милиони долари). Ова го изјавил генералниот директор на „Росатом“ Сергеј Кириенко во Анкара.

АЕЦ „Акјују“ се гради според шемата „изградена-поседуваат-експлоатира“, каде сопственик на централата е Русија. Компаниите на „Росатом“ го поседуваат контролниот удел во капиталот на нуклеарката „Акјују“. Тоа се „Концерт Росенергоатом“- 46,87 %, „Русатом Оверсиз“ - 46,4%, „Атомстројекспорт“ - 4,84%, „Атоменергоремонт“ - 0,05%, „Атомтехенерго“ - 0,05%. Уште 1,6% припаѓаат на „Интер РАО“. Во иднина може да се донесе одлука за продажба на инвеститори до 49% од проектот, со што не помалку од 51%, сепак ќе останат на руската страна.

Меѓувладината спогодба помеѓу Русија и Турција за соработка при изградбата и експлоатацијата на првата во земјата нуклеарна централа на локалитетот „Акјују“ во провинцијата Мерсин во јужна Турција, беше потпишан во 2010 година.

„Ние сме одговорни за безбедноста на нуклеарната централа „Акјују“ и ја гарантираме. Ќе бидат исполнети сите критериуми на безбедност. Нуклеарката ќе биде изградена со минимална сеизмичка активност, каде што не постои ризик од појава на цунами, иако седиштето е дизајнирано да издржи и таква стихија . Извештајот на Евалуацијата на влијанието врз животната средина беше подготвено со невидена прецизност и се состоеше од 5.000 страници - таков во нашата практика досега немало“, коментира Киријенко. Тој учествува во церемонијата за почетокот на активностите за подготовка на хидротехничката инфраструктура на местото за идната нуклеарна централа.

Кириенко истакнал дека во нуклеарната централа ќе бидат изградени реактори од последната „три плус“ генерација, кои ја прават невозможна повторувањето на хаваријата во јапонската нуклеарна централа „Фукушима“. Сите технологии кои ќе се користат во АЕЦ „Акјују“, се реализирани во Русија при изградба на Нововоронежката нуклеарката 2, чиј енергетски блок ќе биде пуштен во комерцијална експлоатација во декември 2015 година.

Проектот за првата турска АЕЦ вклучува четири „ВВЕР“ реактори, со што моќноста на секој енергетски блок ќе биде 1200 МВт.

Вредноста на проектот е близу 20 милијарди долари. Централата ќе произведува околу 35 милијарди киловатчасови електрична енергија годишно.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа