26 Април, 2024
0.0322

Русија и Грција решија повеќе да не се караат за Македонија, Фриганас останува во Москва

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Заминувањето на грчкиот амбасадор Андреас Фриганас од Русија, што требаше да се случи во текот на септември, е одложено за неодредено време, јавува руската информативна агенција ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во текот на август службите во Грција во знак на протест објавија дека ќе го отповикаат Фраганас и дека ќе го заменат со нов, но најверојатно сега се откажуваат од овој потег по затоплувањето на односите со Русија.

Претходно, за разлика од многу други западни држави, Грција не протера руски дипломати по труењето на поранешниот советски двоен агент, Сергеј Скрипал, и неговата ќерка, во Англија во март, напад кој нашироко му се припишува на Русија.  Грција во 2015 година како земја-членка ги осуди санкциите на ЕУ против Русија поради наметнување сепаратизам во Украина и анексија на Крим.

Спогодбата од Преспа се покажа како многу поважна за Грција, бидејќи поради таа причина избија и дипломатските искри меѓу двете традиционално пријателски земји.

Руското министерство за надворешни работи го повика Фриганас на 6 август и му предаде нота како одговор за протерувањето на двајца руски дипломати.од Атина.

"Неговото заминување е одложено и нема нов датум за сега, но Фриганас може да замине пред крајот на оваа година", рекол доброинформираниот извор за ТАСС.

Тоа е, наводно, затоа што грчката страна не може да најде замена за актуелниот амбасадор, соопштил изворот.

Грчкиот весник Катимерини на 11-ти јули објави дека владата одлучила да протера два руски дипломати и да забрани влез во земјата за уште двајца. Во извештајот се наведува дека Грција ги обвинила за мешање во домашните работи на земјата и поткопување на нејзината безбедност.

Потегот следуваше откако дипломатите беа обвинети дека сакале да поткупат официјални влијателни лица и да организираат демонстрации во Грција против преспанскиот договор и истиот да биде отфрлен, со цел Македонија да остане и натаму блокирана на патот кон зачленување во НАТО.

Димитрис Ѕанакопулос, официјалниот портпарол на грчката влада, нешто подоцна го потврди протерувањето на руските дипломати.




Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката