19 Мај, 2024
0.0267

Русија ја повика Црна Гора да одржи референдум за членството во НАТО

Објавено во: Балкан 16 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Русија ја повика Црна Гора да одржи референдум за влез во НАТО, тврдејќи дека помалку од половина од населението сака да се приклучи кон воениот сојуз.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјавила дека има „длабоки поделби“ во оваа балканска земја по тоа прашање.

Поканата за членство дојде по 16 години откако НАТО ја бомбардираше Црна Гора за време на војната во Косово, кога земјата се уште беше во сојуз со Србија.

Ова е првата експанзија во Источна Европа на НАТО откако Албанија и Хрватска се приклучија во 2009 година. Генералниот секретар Јенс Столтенберг ја оцени одлуката како „историска“.

Се очекува разговорите да потраат околу една година.

Русија неколку пати предупредува против ваквиот потег.

„Ние зборуваме за внатрешната политичка криза, придружена од народните протести“, изјавила Захарова во коментар за поканата.

„Станува збор за народот на Црна Гора, кој треба да биде чуен во национален референдум за ова прашање. Тоа би било манифестација на демократијата, за која слушаме толку многу“.

Русија претходно изјави дека пристапувањето на Црна Гора ќе предизвика „одмазднички акции“, без да прецизира за што точно станува збор.

Русија ќе ги прекине сите заеднички проекти со Црна Гора, ако таа всушност влезе во НАТО, изјави претседателот на комисијата за безбедност и одбрана на Советот на Руската Федерација Виктор Озеров, цитиран од „РБК“.

Самите Црногорци се поделени по прашањето.

crna gora

Неколку илјади приврзаници на проруските опозициски партии учествуваа во демонстрациите против членството во главниот град Подгорица во саботата, а некои носеа плакати со натписи „НАТО убијци!“

Многу луѓе остануваат лути дека НАТО ја бомбардираше Србија и Црна Гора во 1999 година како дел од стратегијата за прекин на убиствата и прогонувањето на етничките Албанци во тогаш јужната покраина на Србија - Косово.

Црна Гора и Србија тогаш беа сеуште дел од Југославија, но Црногорците гласаа за независност во 2006 година. Оттогаш се набљудува приливот на руски инвестиции и туристи.

Владата на Мило Ѓукановиќ, кој е „за“ пристапувањето, се противи на барањата на некои опозициски партии за одржување референдум за ова прашање.

Ѓукановиќ изјавил дека не мисли дека членството на Црна Гора на НАТО треба да доведе до влошување на односите со Русија. „Дали Црна Гора ќе е првиот пријател на Русија во НАТО? Ние знаеме дека не е“, изјавил тој за радио „Слободна Европа“.

Дипломатите од НАТО посочуваат дека според анкетите на јавното мислење мала е користа на пристапувањето.

Освен Црна Гора други сегашни кандидати за членство во НАТО се Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел