Русија ќе продолжи со удари врз Исламска држава и да се прогласи примирје во Сирија
Објавено во: Свет 24 Декември, 2015
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Михаил Богданов изјави денеска дека Москва нема да ги запре своите воздушни напади на положбите на ИСИЛ.
„Се очекува примирје помеѓу страните на сириските судири, но тоа не значи и крај на војната против ИСИЛ и другите терористички групи“, рекол тој за Интерфакс.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MyInforms_RU/status/679950458132115456?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Русија, додал Богаданов, треба да го искористи секој прекин на непријателство за да ги интензивира своите воздушни напади на терористите на ИСИС.
САД, Русија и блискоисточните земји се залагаат за политичко решение на сириската криза, кое на преговарачка маса би ги довело сириската опозиција и претставниците на сириската власт.