Русија лута на Ердоган - Како тоа ќе го „рушиш“ Асад
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Властите во Кремљ се лути на непромислената изјава на Реџеп Таир Ердоган кој од позиција на врховен командант на турската армија вчера изјави дека има мисија да го заврши владеењето на диктаторот Башр Ал Асад.
Кремљ веднаш реагираше и смета дека оваа вонредна вест ги изненадила и се зачудени која е сега позицијата на Турција откако во август заеднички беше утврдена мисијата на турската армија наречена „Штитот на Еуфрат“.
- Се надеваме дека во блиска иднина ќе има објаснување за ова од нашите турски партнери, Русија е единствена земја чии вооружени сили се во Сирија на легална база по директно барање на власта. Очекуваме овој став да биде објаснет од страна на Ердоган, посочи Дмитри Песков, портпаролот на Владимир Путин.