19 Мај, 2024
0.0326

РУСИЈА ОБВИНУВА: Саудиска Арабија го дестабилизира пазарот на нафта

Објавено во: Свет 29 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Саудиското кралство ја зголемило екстракцијата за оваа година со 1.5 милијарди барели нафта дневно. Тоа го изјавил рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од агенциите. Според него тоа довело до дестабилизација на пазарот и паѓање на цените на нафтата, што се одразило негативно не само врз земјите извознички на нафта, туку и врз светската економија.

Понудата на побарувачката може во втората половина на 2016 година да се подобри и да се балансира пазарот, додал уште тој за „Россија 24“. Новак додал дека на светскиот нафтен пазар може да влијае и појавата на Иран.

Денес Саудиска Арабија најави дека ќе ја зголеми цената на нафтата до 40%, по објавувањето на информацијата за рекордниот буџетски дефицит на земјата.

Во исто време, руските медиуми одделуваат сериозно место за посетата денеска на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Саудиска Арабија. Според повеќето коментари двајцата најсериозни надворешно-политички непријатели на политиката на Москва во Блискиот Исток, Реџеп Таип Ердоган и кралот Салман ги засилуваат врските помеѓу себе, со што главен акцент се става на муслиманска коалиција создадена од Саудиска Арабија .

Анкара и Ријад имаат заеднички интерес да го соборат сирискиот претседател Башар Асад, нешто во што Москва ги спречува сериозно. Според политикологот и познавач на процесите на Блискиот Исток, Евгениј Сатановски средбата на Ердоган и кралот Салман носи антируски карактер, бидејќи Москва успеала да ги спречи плановите на Анкара и Ријад да го менуваат овој регион и да ги преструктуираат нивните граници.

Русија и Саудиска Арабија имаат сериозни отстапувања во развојот на кризата во Сирија и иднината на претседателот на земјата, Башар Асад.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“