15 Декември, 2025
0.0399

Русија се уште не размислува за обезбедување на финансиска поддршка за Грција

Објавено во: Балкан 04 Април, 2015 10:43

Добивај вести на Viber

Русија не размислува за обезбедување на финансиска поддршка за Грција пред планираната посета на премиерот Алексис Ципрас во Москва следната недела. Тоа го изјавиле пред „Bloomberg“ тројца руски пратеници, запознаени со дискусиите.

Сепак Русија е подготвена да разговара за олеснување на рестрикциите врз увозот на грчки прехранбени производи, кои беа наметнати во одговор на санкциите на Европската унија (ЕУ), коментираат две од трите лица, кои сакале анонимност поради доверливоста на информациите.

Русија гради врски со европски држави, кои можат да и помогнат да ги избегне санкциите. Од своја страна 28-члениот блок ќе треба едногласно да го одобри продолжувањето на дејството на мерките насочени против финансискиот и енергетскиот сектор на земјата. Рокот им истекува во јули. Претседателот Владимир Путин ќе разговара за санкциите следната недела во Москва, соопштуваат од Кремљ.

„Врските меѓу Русија и ЕУ ќе бидат дискутирани во светлината на политиката на санкции, преземена од ЕУ, како и прилично ладното однесување кон оваа политика на санкции од страна на Атина“, изјави за новинарите портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Путин и Ципрас ќе зборуваат за економската ситуација во Грција, уверува Песков. Атина сé уште не побарала од Москва финансиска помош, појаснува тој. Но пак ќе помисли на евентуална молба од страна на Атина, ако судиме според зборовите на министерот за финансии Антон Силуанов.

Грција се противи на европските санкции против Русија. На 31 март Ципрас повторно го објави овој пристап како „тапа“ и повика на преговори со цел изнаоѓање на излез од ситуацијата.

Енергетските работи на Грција, Панагиотис Лафазанис се надева дека Русија ќе ја укине забраната за увоз на грчки земјоделски производи.

Русија истражува начини на кои да го стори тоа без да ја исклучува Грција од пошироката забрана, која важи за целата ЕУ, тврди руски пратеник. Меѓу опциите е можноста грчките компании да извезуваат храна за Русија, ако формираат заедничко вложување со руските партнери.

Друга можност е Грција да пакува прехранбени производи во Русија, како користење на свои суровини и состојки, кои потоа ќе се продаваат како стока со етикета „произведено во Русија“.

Алексис Ципрас и Владимир Путин ќе се сретнат во Москва на 8 април. Ова ќе биде прва посета на грчкиот премиер по победата на неговата СИРИЗА на парламентарните избори во јануари, пишува Ројтерс. Последната посета на Ципрас беше во мај 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството