Русија со меѓународна потерница ја бара Наталија Вовк
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2022
Со меѓународна потерница Русија трага по убиецот на новинарката и политиколог Дарја Дугина, Наталија Вовк.
Спутник објави дека Московскиот градски суд наредил Вовк да биде притворена два месеци по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција. Таа е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза. Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години. Дугина загина на 20 август откако експлодираше автомобилот што го возела. Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа. Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули. Информациите на ФСБ говорат дека Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Песков. Украина негираше вмешаност во ова убиство. Тие се правдаа дека убиството се случило на територија на Русија и дека Киев не стои зад нападот. И функционери поставени од Русија во Украина загинаа на ист начин, при експлозија на автомобили.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.