Русите имаат мерка со која ќе го ослабнат доларот
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019
Руското министерство за финансии има намера да ја укине мерката за плаќање данок на додадена вредност за златото.
Тоа на Русите ќе им даде можност да штедат во злато, а не во странски валути.
Од Министерството за финансии велат дека со оваа мерка ќе направат поврат на милијарди рубљи капитал во земјата.
Сега се плаќаат 20% данок при купување на злато. Затоа побарувачката за инвестиции во злато изнесува 3 тони годишно.
Со намален данок, побарувачката ќе порасне на 50 до 100 тони.
Златото е заштитено од инфлација и може да биде добра замена на вложувањето во долари.