РУСКАТА МАФИЈА НЕМА ПРОБЛЕМ СО ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Еве каде го прават тоа
Објавено во: Свет 21 Март, 2017
Во некои од највлијателните банки како HSBC и Кралската банка на Шкотска, ракувале со скоро 740 милиони долари, пари кои ги „испрале“ руските криминалци, пишува британски Гардијан.
„Перењето“ на пари е поврзано со Руската влада и Федералната служба за безбедност на Русија.
Кралската банка на Шкотска, Лојдс и Барклиз се наоѓаат меѓу 17 банки базирани во Британија и тие имаат ограноци во земјата, а се соочуваат со фактот зошто не ги отфрлиле сомнителните пари.
Од 2010 до 2014 година од Русија се извлечени 20 милијарди долари.
Истражителите веруваат дека оваа сума може да скокне на 80 милијарди, а се истражува кои се Русите кои се вмешани во оваа работа.
Се верува дека се вмешани 500 луѓе меѓу кои банкари, олигарси, а скоро 2000 трансакции поминале низ британските банки и многу помал дел преку американските банки.