20 Декември, 2025
0.0756

Руските компании се враќаат на иранскиот пазар

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 11:59

Добивај вести на Viber

Како и повеќето играчи во нафтената индустрија, така руската „Трубнаја металлургическаја компанија“ (TMK) е погодена од ниските цени на енергијата. Поради нафтата, која поевтини под 29 долари за барел, ТМК повлекува бизниси од САД и од други места.

ТМК сепак тврди дека има предност на релативно неразвиениот пазар - Иран, земја со топли политички односи со Москва, која поседува десетици милијарди долари во штотуку одмрзнатите сметки, подготвени да бидат вложени во нафтена инфраструктура. За време на Советскиот Сојуз ТМК била главен снабдувач на цевки за Иран.

Руските компании се повеќе се засилуваат, за да заземаат позиции назад во Иран, коментира New York Times.

„Сухој“ сака да продава авиони „Superjet“ на гладниот транспортен пазар. „АвтоВАЗ“ започнал разговори за отворање на фабрика за монтажа на автомобили „Лада“ во Иран.

Нафтените и гасни гиганти „Гаспром“ и „Лукоил“ размислуваат за инвестиции во проект за течен природен гас во Персискиот залив и во нафтени полиња. !Eurasia Drilling Company“, компанија за развој на нафтени наоѓалишта, и „Татнефт“, руска нафтена компанија базирана во Татарстан, исто така, имаат доста добри изгледи за бизнис со Иран.

По потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран администрацијата на американскиот претседател Барак Обама цели за нејзините придобивки за неширење на нуклеарно оружје и глобалната безбедност. Но администрацијата зборува многу помалку за придобивките за бизнис.

Причината е дека САД се уште внимателно го набљудуваат Иран.

Согласно договорот властите во Техеран се согласија да ја отворат својата нуклеарна програма за инспекции и да го пренесат збогатениот ураниум на Русија во замена за кревање на меѓународните санкции. САД сеуште имаат санкции против земјата поради нејзината поддршка на тероризмот и кршењето на човековите права.

Овие санкции ги забрануваат повеќето трговски односи со Иран, па американските компании немаат право да склучуваат договори со нафтената и гасната индустрија на земјата. САД дозволуваат трговија само со персиски килими и комерцијални авиони.

Европските компании се подобро позиционирани како поголемиот дел од регионот се обидува да развијат дипломатски врски со Иран.

Русија сепак има предност. Долго време таа придава дипломатска поддршка на Иран и има длабоко вградени воени врски.

По нуклеарната зделка рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин изјави дека неговата земја почнала да испорачува системи со противавионски проектили S-300 на Иран. „Овој договор сега се спроведува и плаќа“, рече Рогозин.

Тој истакнува дека трансакциите меѓу Русија и Иран не се само во воената сфера. Испораките на S-300, додава тој, „ќе го отворат целосно патот за соработка со Исламската република Иран“.

Како и другите земји Русија гледа можност во земја која одамна е гладна за капитал.

Економијата на Иран очекува брз почеток по одмрзнувањето на нејзините префрлени средства за 29 милијарди долари. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека економијата на земјата ќе се зголеми за 5,5% во 2016 и 2017 година

Енергетската индустрија е особено атрактивна за меѓународните компании.

Иран ги поседува вторите најголеми нафтени наоѓалишта во Блискиот Исток по Саудиска Арабија, а по некои проценки ги има најголемите наоѓалишта на конвенционалниот природен гас во светот. Дури и пред санкциите да бидат укинати Иран потпиша договори за извоз на гас за Ирак и Пакистан.

Во индустријата сепак недостасуваат цевководи за пренос на гас, бидејќи компаниите не инвестирале во сегментот за време на санкциите. Вкупно Иран може да вложи до 100 милијарди долари, за да ги закрепне гасоводите, велат аналитичарите.

Како производител на слични цевки руската ТМК тврди дека е во добра позиција да обезбеди голем дел од овој бизнис. Компанијата вели дека околу 20% од извадоци од светската нафта во еден момент поминува низ нејзини цевки.

Русија сепак сепак се соочува со познати предизвици, додека се подготвува да скокне на иранскиот пазар.

Предвид се земени ниските цени на нафтата и наметнатите санкции врз земјата од Западот и поради конфликтот во Украина руската економија трпи жестоки удари, а компаниите имаат тешкотии при привлекувањето на финансии. Ова може да им отежне на компании како „Лукоил“ и “Газпром“ со намалени приходи веднаш да ги обноват договорите за производство со Иран.

„Општо земено повеќето се уште се претпазливи“, вели Илдар Давлецин, нафтен и гас аналитичар во инвестициската банка во Москва „Renaissance Capital“.

За компании како ТМК сепак Иран ќе стане противотров на проблеми во индустријата.

За време на СССР фабриката на компанијата обезбедувала до 40% од цевките кои се користат во иранската нафтена индустрија - како за нафтени извори, така и за пренос на гас низ пустината.

„Идејата е едноставна: тие ги креваат санкциите, ние ги праќаме цевките“, вели директорот на фабриката на ТМК Четвериков.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба