18 Декември, 2025
0.1086

Руските купувачи на имоти тргнаа и по селата

Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2013 11:00

Добивај вести на Viber

Русите не се задоволуваат само со имот на морето. Опсегот на нивното барање се проширува. Тие се веќе најактивните купувачи на селски куќи, објавуваат бугарските медиуми . Според податоците на " Булгариан пропертис " Русите се околу 30% од сите корисници на таквите имоти во третиот квартал . Нивниот главен интерес се селата околу Бургас , Стара Загора , Пловдив и Јамбол . Во последните 2-3 година руските купувачи доминираат тотално на пазарот на имот на Црно Море . Тие се над 80-90% од сите клиенти таму. Неодамна, руските медиуми објавија дека Русите не само што доаѓаат на одмор во Бугарија во свој стан , туку почнале да ги носат и своите бизниси и да се преместуваат за постојано со своите семејства . Најчесто руските компании се појавувале во морските градови Варна и Бургас . Пристигнатите луѓе во повеќето случаи биле во работоспособна возраст . Набљудувањата на Брокерите исто така, покажуваат дека Русите купуваат и урбан имот , не само за одмор . Дел од нив се насочени и кон комерцијални објекти - продавници и мали канцеларии . Постепено тие се насочуваат и кон селата , пишува весникот " 24 часа " . Втората група главни клиенти на селски куќи се Британците. Иако престанаа да купуваат имот за одмор , тие не се повлекоа целосно од пазарот. Но, се свртија речиси целосно кон руралните имот. Според брокерите , ова се должи на фактот дека бараат мир и враќање кон природата. Нивниот интерес во изминатото тримесечје бил насочен кон селата околу Велико Трново , Пловдив и Видин .  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии