27 Април, 2024
0.1762

Рускоска - Јанева влезе во филмот на Чарлиеви ангели и мислеше дека никој ништо не и може

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Имаше еден филм, Чарлиевите ангели, и имаше една госпоѓа, Катица Јанева, која влезе во тој филм, мислејќи дека никој ништо не и може. Но, влезе во мрежата на самонаречената естрадна звезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже дека тоа го правела од алчност и ние за тоа ќе презентира несоборливи докази. Со тоа не само што се посрамоти, и не само што ја злоупотреби функцијата специјален обвинител, туку и ја изневери довербата на и на граѓаните на Македонија. Ова го рече обвинителката Вилма Русковска за случајот Рекет по излегување од судница.

Таа е задоволна од првото рочиште, особено што воопшто почна. 

Според Рускоска, не е точно дека одела по ресторани со Боки 13.

„Се познавам само со неговата мајка, таа ми е генерација, се познаваме од прво одделение. Бојан Јовановски го запознав само кога гостував на 1ТВ, и кога беше прославата на телевизијата, и тоа е единствено мое ‚дружење' и седење по ресторани, друго нема“, рече Рускоска. 

За наводите на Јовановски дека камерите ќе покажат каде завршила ташната Луј Витон со парите, таа рече дека и за Обвинителството ќе беше и ќе биде подобро доколку се утврди каде завршиле парите. 

Доказитер што ќе ги презентира Обвинителството ќе докажат дека Јовановски ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар.

Според неа, Катица Јанева не е во ситуација моментално некому да порачува дали треба да се плаши или не.

За филмот Чарлиевите ангели, рече дека го гледала, а не ја гледала македонската верзија од документарецот што тие си го снимија за себе.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“