САД блокираше договор од 20 милијарди долари за Американците да пијат поевтино пиво
Објавено во: Стил
02 Февруари, 2013 14:48
Добивај вести на Viber
Американската влада го блокираше корпоративниот договор вреден 20.1 милијарди долари поради стравување дека по склучувањето нејзините Американците ќе треба да пијат поскапо пиво.
Регулаторното тело кое го следи пазарот на пиво во САД и не треба да дозволи тој да се монополизира и наложи на Владата да ја блокира зделката меѓу гигантот „InBev“ и мексиканскиот конкурент „Grupo Model“.
Во моментов напазарот за пиво во САД доминиранаат две големи компании. Лидер е „InBev,“ кој држи 200 видови пиво. Вториот по големина играч на пазарот е „MillerCoors“, а мексиканската „Modello“ пак ја држи Corona, најпопуларното пиво во земјата.
Веста за блокадата на договорот влијаеше на акциите и на двете компании. „InBev“ е решена да ги брани своите права на суд иако блокирањето на трансакцијата се вклопува во владината филозофија да ги пресече обидите за монополизирање на пазарите.
Така на пример минатата година беа блокирани трансакциите помеѓу телекомуникациските гиганти „AT & T“ и „T-Mobile“, како и договорот на „Nasdaq OMX Group“ да ја преземе берзата„ NYSE Euronext“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: