18 Мај, 2024
0.0882

САД ги повлекува дипоматите и можно е да ја затвори амбасадата во оваа земја

Објавено во: Свет 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

САД ќе повлечат скоро 60% од персоналот во амбасадата во Куба како одговор на мистериозните акустични напади врз американските дипломати.

Стејт департментот денеска соопшти дека амбасадата во Хавана ќе остане отворена и ќе обезбедува итни услуги, но редовното издавање визи ќе биде прекинато. 

Американците се предупредени да не ја посетуваат Куба затоа што некои од нападите се случиле во хотели, објави Би-Би-Си. 

Од крајот на 2016 година досега повеќе од 20 американски дипломати се пожалиле на тегоби, губење на слухот, вртоглавици и мачнина. Куба отфрла каква било поврзаност. 

Минатата недела американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, изјави дека се разгледува можноста за затворање на амбасадата во Хавана.

САД повторно ја отворија амбасадата во Хавана во 2015 година по неколку децении замрзнати односи. Во 2016 година Барак Обама стана првиот американски претседател што ја посетил Куба од Келвин Кулиџ во 1928 година.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков