САД има затвореници, повеќе од што Македонија има жители!
Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2013 09:24
Од 1980 година до денеска затворската популација во САД се зголемила за четири пати. Денеска, вкупно 2,26 милиони луѓе се наоѓаат зад решетки. Годишно државата троши 68 милијарди долари за затворениците. Како што пишува во насловот САД денеска има повеќе затвореници отколку што ние имаме жители, а за нив годишно троши пари колку што ние (изразено преку БДП) произведуваме за седум години.
Еве неколку факти за американските затвори:
Просечната казна е три години, девет месеци повеќе од просекот во 1990 година.
Скоро половина од затворениците се тука поради прекршоци поврзани со дрога.
Затворениците кои се во минимум или средно обезбдени затвори, добиваат неколку часа слободно време за вежбање, гледање телевизија или дружење.
Сепак, затворот не е воопшто лесна работа. Секој десетти затвореник во САД бил силуван.
Калифорнија е пренатрупана со затвореници. Поради правилото на три прекршоци. Во оваа сојузна земја кога ќе направите три прекршоци, судијата по дефиниција во става во затвор. На сликата е сала која треба да служи за рекреација, но поради тоа што нема место за сместување се користи како место за дополнително сместување на затворениците.
Во изминативе 23 години, земјата гради просечно по еден затвор годишно. Секој затвор чини просечно по 100 милиони долари. И покрај тоа Калифорнија сеуште има потреба од нови затвори.
80.000 затвореници во САД се во самици, 25.000 од нив се долгорочно во самица и се сместени во некои од таканеречените супермакс затвори.
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




