САД ја поздрави пресудата за „Рекет“
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2020
САД преку портпаролот на Стејт Департментот ја поздрави вчерашната пресуда на Кривичниот суд, во која поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби првостепена казна затвор од седум години, додека вториот обвинет Бојан Јовановски мина со девет години.
Тоа испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира, рече портпаролот на Стејт департмент, во изјава за Гласот на Америка.
„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рече гласноговорникот.
Од Стејт Департментот додаваат дека и натаму одблизу го следат овој случај.и дека фер и непартиско менаџирање на судството е суштинско за иднината на Северна Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.