Добивај вести на Viber
„Купувајте квалитетен мед од нашите произведувачи“, ова е мотото на вториот саем за мед кој од 29 до 31 август ќе се одржи во Кичево. На Саемот ќе учествуваат дваесет производители од Битола, Кочани, Прилеп, Радовиш, Демир Хисар и Кичево, а ќе бидат изложени различни производи како мед, прополис, матичен мед.
Организаторот пак најави дека од идната година се планира на саемот да учествуваат производители од регионот. Целта на саемот е да се афирмира медот како здрава храна за да се зголеми количината на производство во Кичевскиот регион .
Изминатиов период овој реон беше на тапет на јавноста откако во неколку наврати инспекторите на патот Кичево - Охрид запленуваат тегли со сомнителна содржина која се продавала како мед.