19 Јануари, 2025
0.0248

Сахара објаснува: Културните разлики „виновни“ за говорот на Субрата Рој?!

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Од Групацијата Сахара почуствуваа потреба да го објаснат говорот на Субрата Рој при неговото обраќање пред македонскиот државен врв за време на Сахара мировниот фестивал. Во соопштението велат дека говорот на Субрата Сахара Рој се базира врз сопствени искуства, изградени во една колективна свест и менталитет на една земја и нејзината култура. Тие објаснуваат дека меѓу  различните култури има големи културни разлики, но и дека треба да ги почитуваме разликите во културите меѓу Индија и Македонија и да се обидеме да учиме од искуствата на двете страни. Во продолжение еве како Сахара го објасни говорот на бизнисменот: „Говорот на Субрата Сахара Рој е пишуван врз основа на состојбата во Индија, а во некои сегменти се однесуваше за состојбите на глобално ниво, а не само за Македонија. Индија е земја со комплетно поинакво социјално и религиозно опкружување отколку Македонија. Таа е втора најнаселена земја во светот со повеќе од 1.2 милијарда луѓе и претставува најнаселена земја со демократско уредување во светот. Во моментов Индија се соочува со предизвикот на население кое рапидно расте, што ги става под притисок ограничените ресурси. Изјавата на господин Рој нагласи дека секоја земја и нејзиното општество треба да се осврнат на балансот на населението и расположивите ресурси. Па така, додека некои земји како Кина и Индија (од каде и доаѓа г – дин Рој) бараат начини за контрола на растот на населението, некои од развиените земји имаат за цел да го охрабрат природниот прираст, кој во моментов е во опаѓање како резултат на материјалната рамка. Сахара Групацијата како дел од својата филозофија го охрабрува вработувањето на лица без разлика на нивното минато. Казнениот систем во секое современо општество е создаден со цел да поправи и рехабилитира. А единствениот проблем на овој систем е социјалната инклузија на бившите затвореници кои затворскиот живот го носат како стигма. Во тој аспект вработувањето на бившите затвореници е најблагородниот чекор што еден бизнисмен може да го направи. Како што истакна Рој во својот говор, токму тие работници кои биле дел од казнениот систем, а сега се вработени во групацијата, се покажале како едни од најквалитетните. Субрата Сахара Рој верува дека на секој човек треба да му се даде втора шанса и групацијата се гордее со тоа. Коментарот на господинот Рој за медиумите се базира на се растечкиот тренд медиумите да пласираат негативни вести, првенствено затоа што живееме во такво општество и поради сензационалноста. Вестите за војни, бомби, скандали, убиства се се позастапени отколку убавите вести. Никаде не стана збор дека медиумите треба да се замолчат. Наместо тоа, медиумите треба да се охрабруваат да објавуваат позитивни вести, со цел да имаат позитивно влијание на публиката. Самата Сахара Групација поседува една од најголемите медиумски куќи во Индија и ја брани слободата на медиумите. Официјално во име на на Сахара Балканскиот мировен фестивал и Сахара Групацијата како организатор на фестивалот, би сакале да кажеме дека немаше никаква намера за непочитување на која било земја, или која било група на луѓе. Спортивно на тоа, Групацијата, како што самиот Рој истакна верува во заедничко разбирање и почитување на луѓето и културите. Изразуваме жалење за секоја ненамерна навреда почуствувана од која било група,“ стои во соопштението за медиумите. Фактор деновиве ги следеше настапите на овој бизнисмен во јавноста, запраша Дали интелектуалната елита ќе ги игнорира „опасните“ шеги на Субрата Рој?, а го пренесе и првиот настап на Индиецот  кога тој задоволно изјави: Барав земја без корупција, ја најдов Македонија!

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ