Сакате да ослабнете? Тогаш мора прво да изедете нешто слатко!
Објавено во: Стил 12 Декември, 2014 19:07
Иако луѓето кои имаат проблеми со килограмите, знаат дека треба да се откажат од слатки, новата студија тврди дека тоа е погрешно. Научници од Универзитот во Лондон велат дека луѓето кои се на диета не треба да се откажат од десерт.
Тие откриле дека тајната на слабеењето би можела да биде во започнување на оброкот со намирници богати со шеќер. Знаејќи дека глукозата, односно шеќерот од колачите, чоколадата, и другите слатки е една од главните извори на енергија за мозокот, и токму со темпирање на јадењето може да се постигне подобра ефикасност на слабеењето. Научниците објаснуваат како протеинот од мозокот глукокиназа бележи колку глукоза имаме изедено. Ако тој внес е премал, организмот копнее за храна со повеќе шеќер и калории што доведува до прејадување.
„Штом се задоволат елементарните потреби за шеќер, апетитот е под контрола и полесно е да се задоволи со помалку калорична и здрава храна“, рекол Џејмс Гарднер, пишува Дејли Меил.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





