Сакате да живеете 120 години? Руски научници имаат решение!
Објавено во: Стил 30 Ноември, 2014 19:30
Она што до неодамна изгледаше како сценарио на научно-фантастичен филм, би можело да стане реалност.
Руски научници го прават завршното испитување на таблета која би можела да го забави процесот на стареење. Тие се надеваат дека таблетата, која е на испитувања на глувци, риби и кучиња, ќе им овозможи на луѓето да живеат најмалку 120 години.
Научниците од Московскиот државен универзитет тврдат дека таблетата ќе дејствува на митохондриите, дел од ќелиите кој се смета дека го активира стареењето.
-Митохондријата е главен предизвикател на срцев удар, а е поврзана и со Алцхајмеровата и Паркинсовата болест - рекол доктор Максим Скулачев.
Тој додал дека производството на таблети е технички можна, и дека нејзината примена посебно ќе биде значајна во Источна Африка, каде стапката на смртност е голема.
Руски научник објаснил дека таблетата ќе спречи и многу други болести, кои се поврзуваат со старите животни перидои. Меѓутоа, животниот век од 120 години ќе донесе и некои нови болести.
Таблетата сепак не е семоќна, луѓето едноставно не можат да живеат 800 години, но 120 години не бил лош број.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





