06 Декември, 2025
0.0344

Сакате сопствен остров? За 1,5 милиони евра можете да си купите во Италија

Објавено во: Стил 04 Јули, 2014 14:00

Добивај вести на Viber

Малото островче Мал ди Вентре, на само неколку километри од брегот на Сардинија, со тиркизна вода и бел песок, претставува прекрасно изолирано место, кое би можело да привлече многу купувачи. Овој остров всушност е понуден на продажба и очекува нов сопственик. Долг е само 2 километри и се издигнува едвај 18 метри над морското ниво. Југо-источниот брег од островот е со прекрасни плажи, идеална оаза за одмор, додека западниот брег е изложен на морскиот ветер Мистрал. Целосно напуштен во за време на Римската империја, тој се уште крие антички остатоци од бунар и една куќа. Островот го населуваат разни видови птици и зајаци, а водите околу него се дом на морски желки. Новиот сопственик ќе има можност да си го уреди островот по сопствен вкус. Местото за првпат било продадено во 1972 година, но досегашните сопственици не изградиле ништо на него, со што им оставиле можност на следните сопственици да добијат простор за единствена вила на Средоземно Море. За оние со доволно длабок џеб, кои се во потрага по мало место за рајски одмор, проценетата цена на ова островче е „скромни“ 1,5 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: