15 Декември, 2025
0.0494

Самарас го замолил Путин: Намалете ја цената на рускиот гас за Грција!

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2014 11:17

Добивај вести на Viber

На средба во Брисел вчера, грчкиот премиер Андонис Самарас побарал од рускиот претседател Владимир Путин да се намали цената на рускиот природен гас за Грција. Притоа, Самарас ги истакнал напорите, кои Грција ги презема за излез од кризата, напоменувајќи дека во таа насока ниските цени на енергенсите од Русија се особено важни за растот на грчката економија. Истовремено, грчкиот премиер го споменал и интересот, кој Русија го покажува во однос на приватизацијата, што се спроведува во Грција, особено за грчките железници и пристаништа, а најмногу за пристаништето во Солун. На средбата на маргините на состанокот на Советот Европска унија-Русија, Самарас и Путин разговарале за прашања од сферата на енергетиката, како и за процесот на приватизација во Грција. Нема информации што одговорил Путин на барањето, но рускиот претседател го потенцирал значењето на туризмот за Грција, нагласувајќи дека минатата година оваа земја ја посетиле 1,2 милиони руски туристи. Тој додал дека трговската размена меѓу Русија и Грција забележала раст од 16 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството