07 Октомври, 2024
0.0281

„САМИТ 100“ – Мукаетов ги сподели своите искуства и успеси на пленарен панел

Објавено во: Балкан, Економија 02 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Околу 180 најистакнати бизнис лидери од југоисточна Европа се собраа овие денови во Порторож каде ќе разговараат за можни заеднички проекти. 

Смитот 100 на лидери во Порторож започна со билатерални состаноци на претседателите од земјите во регионот, кои во текот на денот ќе разговараат за унапредување на регионална соработка во сите области, а продолжува и денес.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов и годинава е дел од четвртиот по ред елитен собир на успешни бизнис лидери и политичари од Југоисточна Европа: „Самит 100 - Договор за новата ера“.

Во рамки на Самитот кој годинава се одржува во Порторож, Словенија, г. Мукаетов заедно со г. Ивица Мудриниќ од „Дојче Телеком“ го модерираа панелот со градоначалниците на 4 регионални метрополи: Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица.

mukaetov samit 100 - 1

Во рамки на пленарниот панел насловен како: „Паметни градови за одржлив развој:

Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, челниците на  четирите главни градови ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во напорот да го зголемат одржливиот развој на метрополите со кои управуваат. Градоначалниците на Љубљана и Загреб, кои како градови предничат во регионот во однос на исполнување на целите за одржлив развој, во текот на панелот имаа конструктивна дискусија околу дополнителните ресурси (капитални и човечки), кои би им биле потребни со цел да ги направат градовите поекономични, поефикасни и попријатни за живеење за граѓаните.

Учество на панелот модериран од страна на г. Мукаетов и г. Мудриниќ зеде и експертот од американската мултинационална компанија „ИБМ“ (IBM – International Business Machines), г. Мајкл Диксон, кој воедно е и Директор на ИБМ Програмата за паметни градови на глобално ниво.

Покрај сесијата наменета за претседателите од државите од процесот ,,Брдо-Бриони", на која активно учество зема Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Проф. д-р Ѓорге Иванов, на „Самитот на 100 бизнис лидери на Југоисточна Европа" учествуваат бизнисмени, претприемачи и истакнати стопанственици од регионот, поткрепени од меѓународни експерти.

„Како член на управните одбори на неколку еминентни економски институции во Македонија и надвор од нејзините граници, но и како директор на „Алкалоид“, компанија која успешно извезува во над 30 земји во светот, сметам дека настаните од овој тип се oд огромно значење за промовирање на регионалната соработка и унапредување на бизнис операциите. Токму можноста за поврзување и заедничко дејствување на државите и компаниите од регионот, му даваат додадена вредност на овој меганастан. За полесен и поуспешен пристап до нови надворешни пазари, на компаниите им е неопходно здружување. „Самит 100" е одлична иницијатива за остварување на овие цели, а во исто време и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои регионот би го донеле чекор поблиску до исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст", истакна Мукаетов.

mukaetov samit 100-2

Самитот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, со теми од секторот банкарство и финасии, туризам, подобрување на конкурентноста на компаниите, зголемување на извозот и заеднички настап на регионалните компании на трети пазари.

На регионалниот собир во Порторож ќе учествуваат и претставници од Европската унија и меѓународните финансиски институции.

Првиот Самит 100 е организиран во 2011 година во Србија, вториот во Црна Гора, третиот во Хрватска, а сите досега одржани собири за покровители имале претседатели на земјите домаќини.

Смитот 100 на бизнис лидерите е иницијатива која во 2011 година ја покренаа Српската асоцијација на менаџери, Хрватската задруга на работодавачи и Здружението манагерјев Словенија, а набрзо на поддршката се приклучила и Атлас Фондацијата од Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути