06 Декември, 2025
0.0284

Само кога ги раѓав децата, одмарав од театарот: Интервју со Тања Кочовска

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2018 08:29

Добивај вести на Viber

Публиката ја сака поради нејзината природност, искреност и смислата за хумор и умешноста да се шегува на своја сметка. Најмногу ја обожаваат децата, особено кога во Театарот за деца и младинци глуми глушец, принцеза, каубој.. Покрај сево ова, Тања Кочовска-Павловска е единствена појава поради својот голем двоен талент, пеење и глума. Иако со фестивалите раскрсти пред повеќе од 20 години, нејзината макфестовска „Твојте очи мој сине“, остана како евергрин. Пред Тања, од неодамна е нова животна цел. По 23 години, таа веќе не е вработена во ТДМ, кој го смени со МНТ. Од големата љубов кон својата работа, сѐ уште, паралелно игра и на двете сцени. Вели дека долго ја следел прекарот Тања Мањифико, поради нејзините родители, легендарните музичари Панче и Невена Кочовски од составот „Мањифико“. Горда е што е сестра на Лидија, сопруга на актерот Предраг Павловски, а најмногу зашто е мајка на Нела и на Александар. На почетокот од годината, откако го прослави својот 51 роденден, Тања искрено раскажа многу од своите приказни за „Женски Магазин“. 

* Какво беше чувството по повеќе од 20 години да го напуштиш Театарот за деца и младинци и да заминеш во МНТ, ти беше ли ова тешка одлука?

-Не е лесно после 23 години да се напушти еден театар во кој си растел, си созревал и си оставил многу труд, пот и солзи. Театарот за деца и младинци беше на врвот со години и тој врв го одржувавме ние седум глумци кои бевме вработени скоро од самиот почеток на неговото постоење. За 25 години преку 50 премиери и преку 3000 одиграни претстави...- целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: