27 Април, 2024
0.0289

САМО ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ: За Илинден ќе нема ора, масовни собири и кафеани

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата, во координација со претседателот и Собранието, за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести, соопштија од владиниот кабинет. 

„Тие услови оваа година, заради пандемијата со КОВИД-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита“, велат од Владата.

За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти.

„Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката  (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред:

- Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце;

- Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен;

- Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје“, велат од Владата.

И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, соопштија од Владата.

Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?