06 Декември, 2025
0.0508

САМО ШТО ДОЗНАЛ ДЕКА E МИЛИОНЕР, ОСТАНАЛ БЕЗ БОГАТСТВОТО: Најголем баксуз на светот е овој човек

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2018 13:46

Добивај вести на Viber

Еден продавач на сладолед од Пакистан, е или најсреќниот човек на светот, или најголемиот баксуз. 

Мухамед Абдул Кадир , кој инаку живее во сиромаштија дознал дека на својата сметка во банка има  дури 2,3 милијарди рупии, односно околу 14 милиони фунти.

Дека е милионер, можеби никогаш не би ни дознал ако на неговата врата не тропнала Федералната агенција за истраги, која го уапсила.

Имено, инспекторите на ФИА ја истражувале меѓународната измама околу перење пари, која вклучувала десетина лажни банкарски сметки, па така дошле и до Кадир.

„Јас сум човек кој има најмалку среќа на светот“, рекол тој.

Само што дознав за огромната сума пари, повеќе ги немаше-додал тој.

Кадир признал дека тоа што станал несуден милијардер, му се свртел животот наопаку. Тој зборува дека сега соседите му се потсмеваат и дека не се чувствува безбедно бидејќи се плаши дека гласините за необичното богатство би можеле да го доведат во проблеми.

Пред две години Државната банка на Пакистан ги известила ФИА за сомнителна трансакција во наводната сметка ан Кадир, која била отворена помеѓу 2014 и 2015 година кога недопрените милиони се повлечени.

ФИА оценила дека Кадир не е вмешан во тоа, иако сметката била воспоставена со користење на валдини копии од неговата лична карта, од проста причина - Кадир не умее ни да пишува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: