Само во еден ден 75 луѓе осудени на смртна казна
Објавено во: Свет 09 Септември, 2018
Судот во Египет денеска осуди 75 луѓе на смртна казна, а тука спаѓаат и водачите на групата Муслиманско братство, за нивното учество во протестите во 2013 година, при што неколку стотици луѓе беа убиени.
Лидерот на Муслиманското братство Мухамед Бади и уште 46 лица се осудени на доживотен затвор.
Организацијата за човекови права на Амнести интернешнл го нарече ова масовно судење, со 739 осомничени, ,,срамно“.
Според нив, египетските власти треба да се засрамат.
„Бараме повторно судење во непристрасен суд со почитување на правото на фер судење за сите обвинети, без можност за смртна казна"- велат од организацијата.
Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачелет побара од египетскиот суд да ги измени смртните казни за 75 луѓе. За неа ова е понижување на правдата.
Го критикуваше законот кој им дава имунитет на високопозиционирани припадници на безбедносните сили.
Обвинетите немаа право на одделни адвокати и да претстават докази, а обвинителството не изнело доволно докази за одделна вина.