07 Октомври, 2024
0.0290

Самохран татко од Црешнево со 7.000 денари храни осум деца во куќа стара 100 години

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Тешко е да се помине месецот со само 7.000 денари за самохраниот татко Велче Цветаноски од селото Црешнево во Општина Македонски Брод, кој има осум деца.

Најмалиот член на ова многудетно семејство има 5 години, а најстарото дете е средношколец и во септември ќе наврши 18 години. Таткото работи како хигиеничар во основното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото, но бидејќи е ангажиран со половина работно време, раскажува дека заработува само 7.000 денари, пари со кои не може да ги задоволи основните потреби.

„Многу е тешко овде кај нас, и секаде во Македонија знам дека се живее тешко. Куќата ми е дотрајана, стара е над 100 години, но сепак покривот го одржувам за да не капе. Бања немаме во куќата, a имаме само две соби. Аплицирав за социјален стан, но уште немам одговор. Јас стан не барам за себе, туку за децата. Знам дека сите не можеме да живееме убаво во Македонија, но барем да имаме некој нормален живот. Не знам дали сте биле во Македонски Брод, но овој крај е мртов, работа нема, и да одите кај некого да работите нема да ви плати и само ќе се нервирате. Селото е планинско, така што некои услови за земјоделство нема, освен за себе да се произведе храна. Но, таа храна која е собрана од оваа сезона, но јануари се троши, и потоа луѓето ми помагаат со храна или облека за децата за да преживееме“, вели Цветаноски.

Додава дека доколку најстариот син успее да најде работа, ќе го продолжи образованието вонредно, и ќе работи.

„Детето учи во АСУЦ во Скопје, и ако најде работа да му плаќаат, ќе се префрли вонредно за да заработува“, додава Цветаноски.

Но, иако живее тешко, на луѓето им советува дека треба да се чуваат повеќе деца.

„Деца треба да има повеќе, затоа што наталитетот паѓа во државата, слушаме на вести постојано за тоа“, рече Цветаноски.

Тој бара сите кои можат да му помогнат, било да се тоа хуманите граѓани или надлежните институции за да обезбеди пристоен живот за своите деца.

Селото е на 29 км од градот, односно половина час возење со автомобил.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија