20 Декември, 2025
0.0553

Samsung DeX Овозможува Продуктивност за Вработените во Постојано Движење преку Трансформирање на паметниот телефон во Десктоп Работна Површина

Новото мобилно решение поддржано од Samsung паметниот телефон обезбедува подобрено искуство со Android и Windows апликациите

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 13:13

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го објавиSamsung DeX, дизајниран за да ја подобри продуктивноста за професионалците кои се во постојано движење со намалување на потребата за носење на различни комјутерски уреди. Компатибилен со Galaxy S8, Samsung DeX обезбедува десктопналик на Android,овозможувајќи им на корисниците да имаат беспрекорен пристап до апликациите, да ги уредуваат документите, да пребаруваат на Интернет, да гледаат видеа, одговараат на пораки и други активности, директно од паметните телефони на поголем екран, тастатура и глувче.

Samsung DeX обезбедуваврвна, продуктивна средина. Комплетно редизајнираниот Android UI е оптимизиранза користење со тастатура и глувче и вклучува променлива големина на прозорци, контекстуални мениа и десктоп верзија на веб пребарувач. Клучната соработка соMicrosoft и Adobe овозможува компатибилност на Samsung DeX со Microsoft Office и Adobe мобилните апликации вклучувајќи го Adobe Acrobat Reader mobile и Lightroom Mobile, дозволувајќи слична десктоп функционалност и кориснички интерфејс кои предходно беа недостапни за паметните телефони. За вработените во постојано движење и компаниите кои побаруваат пристап до апликациите базирани на Windows OS, Samsung DeX  исто така дозволува корисниците оддалеку и безбедно да пристапуваат до виртуелните десктопи преку партнерски решенија вклучувајќи ги Citrix, VMware и Amazon Web Services.

За да започнат со работа, корисниците едноставно го внесуваат својот Самсунг паметен телефон во DeX Станицата, која го поврзува паметниот телефон со HDMI компатибилен монитор и се поврзува до секој Bluetooth, USB или RF тип на тастатура и глувче.

“Паметниот телефон стана централна точка за модерните професионалци, кога презентираат или оддалеку уредуваат документи. Тие можатефикасно да работат користејќи го само својот паметен телефон. Го развивамеSamsung DeX имајќи ги на ум високо квалификуваните вработени, овозможувајќи им флексибилно десктоп доживување. Нашата соработка со клучни партнери како Adobe и Microsoft беше од суштинско значење за развивањето на Samsung DeX. Со нив споделуваме иста визија за изградба на квалитетот во продуктивноста кај луѓето во постојано движење. Деловните корисниците на Samsung DeX исто така можат да бидат сигурни  дека нивните паметни телефони и податоци се заштитени од Samsung Knox безбедносната мрежа вградена во паметните телефони. Samsung DeX  редефинира сè што би можел да направи паметен телефон за да ја одржи и зголеми продуктивноста кај вработените” – изјави Ионјонг Рхи(Younghee Lee), Главен Директор за Технологија во Бизнисот на Мобилната Комуникација,Самсунг Електроникс.

Додека е поврзан со DeX Станицата, паметниот телефон е заштитен преку безбедносната платформаSamsung Knox.За дополнителна безбедност податоците на корисникот нема да бидат пренесени од уредот на десктопот.

DeX Станицатаја обезбедува поврзаноста која им е потребна на вработенитевклучувајќи две USB 2.0, Ethernet, USB type-C power-in ивентилатор за ладење. DeX СТаницатаисто така располага со Adaptive Fast Charging (AFC) технологија за брзо полнење на Samsung паметниот телефон додека е поврзан. DeX Станицата ќе биде достапна на глобално ниво заедно соGalaxy S8и најверојатно овие уреди ќе биде понуден како пакет, во зависност од регионот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии