САШКО КОЦЕВ: Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2025 16:09
Актерот Сашко Коцев ги негира обвинувањата дека прегазил полицаец во центарот на Скопје, како што стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи(МВР). Според Коцев, тој не знаел дека лицето кое му се обраќало и ја блокирало улицата е полицаец, затоа што бил облечен во цивилна облека.
„Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција“, вели актерот за Плусинфо.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера вечерта, околу 19.15 часот, на подрачјето на Центар, кога Коцев, управувајќи со возило „Фолксваген“, не застанал на знак за запирање даден од полицаец кој извршувал службени дејствија. Нагласено е дека Коцев агресивно се однесувал, по што го удрил полицаецот со возилото и го напуштил местото на настанот.
Тој изјави дека на лицето кое му пришло и му наредило да си замине, му поставил прашање за тоа кои се тие што ја затвораат улицата.
Според неговите зборови, лицето му одговорило „Сега ќе видиш кој сум“, а потоа стоело пред возилото.
фото Фејсбук/Сашко Коцев
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




