14 Декември, 2025
0.0645

Саудиска Арабија станува лидер во производство на „зелената“ енергија?

Објавено во: Свет 09 Декември, 2012 11:09

Добивај вести на Viber

Покрај тоа што е лидер на нафтениот пазар, Саудиска Арабија се повеќе се заложува за развој на еден нов енергетски пазар-сончевата енергија, пишува Фајненшл Тајмс. Весникот пренесува дека кралството планира да инвестира во изградба на соларни централи и да извезува енергија. „Плановите на Владата се многу амбициозни и се потребни години за да бидат исполнети. Потенцијалот е многу голем и веруваме дека Саудиска Арабија ќе стане еден од најголемите производители на сончевата енергија ", коментира официјален претставник на власта во земјата, кој побарал анонимност. Кралството планира да инвестира повеќе од 100 милијарди долари во обновливите извори на енергија, особено во соларните паркови. Со плановите земјата им дава пример и на другите земји во регионот. Катар исто така најави дека планира да ги искористи обновливите извори на енергија, за да се претвори во извозник на електрична енергија. Една од идеите на арапските држави е нивните електрични мрежи да се поврзат со проектот „Desertec“ - соларна централа, која се планира да биде поставена во пустината Сахара и да испорачува струја за Европа. Земјите на Стариот континент имаат огромна потреба од извори на обновлива енергија за да ги исполнат своите цели за намалување на штетните емисии на гасови и користење на обновливите извори на енергија, сметаат државите од Блискиот и Средниот Исток. Според нив, владите во Европа ќе бидат многу отворени кон увоз на обновлива енергија по конкурентни цени. Поради традиционалната зависност на Саудиска Арабија од фосилни горива, сепак некои аналитичари се скептични за плановите таа да стане светски лидер во секторот на "зелената" енергија. Покрај тоа, поврзувањето на мрежите на земјата со проектот „Desertec“ е процес кој се соочува со тешки предизвици поврзани претежно со големите растојанија. Аналитичарите предупредуваат дека ако земјите во регионот на Персискиот залив не ја менуваат својата политика и не најдат алтернативни извори на енергија, по 20 години тие ќе станат нето увозници на гориво. Затоа не се изненадување амбициите за развој на новите видови на енергија во овие држави и покрај високата цена на современа опрема.

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала