„СДСМ Е ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕ“: ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче е диригиран од Заев
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 09:29
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека по локалните избори, СДСМ е на раб на исчезнување од политичката сцена.
„Локалните избори поминаа, а СДС доживеа тежок историски пораз, изборно цунами кое е на праг да ја збрише од политичката сцена во државата. Некогашниот голем СДС и најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е веќе трета партија во државата, додека пак во ниво на град Скопје е дури петта. Овој историски дебакл на СДС има име и презиме. Венко Филипче, што поразот го претставува како успех, под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинуваат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче функционира под диригенство на поранешниот претседател на партијата, Зоран Заев.
„Многу очигледно е дека СДС и натаму функционира под диригенство на Заев, зошто Филипче ниту се дистанцираше од него и неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат. Туку напротив, Филипче со Заев тераше луди журки во Дубаи и луксузни одмори по Халкидики. Овие изборни резултати се јасен показател дека народот ја казни оваа нивна аздисаност и безидејност. На локалните избори СДС освои 126 илјади гласа и околу 230 советници, а победи само во 6 општини при што ги изгуби градовите каде што со години наназад доминираше. И покрај ваквиот историски пораз, во СДС нема реформи. Во партијата на чело со Флипче упорно се прави обид за негов спас и криењето на вистинскиот виновник. За СДС, веќе, не се решение ниту оставките без суштина, едноставна промена на некои кадри, кои само го одложуваат неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче. Ова не е изборен резултат кој треба да се релативизира, а најмалку да се претставува како добар или одличен, нешто што Филипче се обидува. Затоа со него и со ова партиско раководство СДС ќе продолжи и понатаму да тоне. Потребно е итна оставка на Венко Филипче и реформи во СДС, затоа што на Македонија и е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




