СДСМ и ВМРО ги вкрстуваат копјата за фасадите во центарот на Скопје!
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2013 07:40
Засега останува непознато колку ќе чини барокната фасада на МЕПСО, тоа ќе се знаело во март за кога е закажано отворањето на понудите од тендерот.
За објектите да се вклопат во амбиентот во градскиот центар, речиси сите фасади е предвидено да бидат во неокласицизам. Се почна со зградата на Пелистер, а ќе продолжи со објектот на Тренд, Сити Галери, Стар Метропол и објектите по должина на улиците Македонија, Димитрие Чуповски, Никола Вапцаров, 11-ти Октомври и Максим Горки. Промената на фасадите во неокласицистички стил е дефинирана со ДУП-от Мал Ринг, план кој досега токму поради проектот “Скопје 2014” само за една година претрпе десетици измени, за што на неколку пати остро реагираше стручната јавност, коментирајќи дека не е добро и професионално во толку краток рок да се прават брзи промени на еден урбанистички план. Можеби хартијата трпи се, но не и архитектурата, изјавуваа дел од архитектите, кои особено ја критикуваа промената на фасадите на објектите што се од познати автори, наградувани за архитектонскиот изглед и што се од значење на скопјани.
По фасадите, се подготвува и теренот за градбите на гркот Кондоминас
Барокната еуфорија нема да застане само со промената на фасадите на објектите. Деновиве интензивно се расчистува теренот на плоштадот Македонија за изградбата на Офицерскиот дом и луксузниот хотел, што ќе ги гради грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас, објекти кои нормално со својот изглед ќе бидат во склоп на “Скопје 2014”. Се работи за локацијата каде што сега се наоѓа паркингот на ЈП “Градски паркинг” и велосипедскиот пункт. Парцелата од 6.308 метри квадратни, грчкиот бизнисмен во 2011 година ја купи за 630.000 евра и најави дека инвестицијата ќе изнесува околу 50 милиони евра.Според маркиците од Деталниот урбанистички план Мал Ринг, двата објекта треба да бидат со максимална висина од 29 метри, а хотелот треба да има четири ѕвезди. Новиот газда е должен дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција на градските власти, и тој ќе се користи како резиденција на скопскиот градоначалник, а во него ќе се смести и матичната служба.
Гркот Кондоминас во својата земја важи за контроверзен и мистериозен бизнисимен, а македонската канцеларија за правни совети “Транспаренси Македонија” тврди дека е вклучен во корупцискиот скандал за “Дојче телеком”, во 2011 година. Грчкиот бизнисмен имаше и земјиште кај хотелот “Александар палас”, каде што требаше да гради трговски и бизнис центaр, но идејата пропадна бидејќи голем дел од земјиштето беше вратено со денационализација, па подоцна парите за земјиштето му беа вратени. Грчките медиуми пак, неговите инвестиции во Македонија ги коментираа како политички обид на тогашната грчка власт, за промена на македонскиот став за спорот за името.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





