СДСМ ја напушта коалицијата Граѓани за Македонија
Објавено во: 29 Август, 2015 09:44
СДСМ излегува од коалицијата Граѓани за Македонија, потврдија неофицијално партиски извори за Вест.
Неофицијално, СДСМ се подготвува за избори со своја сопствена програма, а коалицијата ќе продолжи сама да функционира. Веста, официјално, лидерот Зоран Заев ќе ја соопшти утре.
„Ние влегуваме во парламентот и затоа секој ќе оди по својот пат“, велат од СДСМ.
Инаку, коалицијата Граѓани за Македонија обединува 70 невладини организации и 15 партии.




