15 Мај, 2024
0.2331

СДСМ ќе гласа црвената боја да биде официјална во партијата

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот 25.дигитален конгрес објави дека една од предлог-статутарните измени која треба денеска да биде изгласана е црвената боја да стане официјална боја на владеачката партија.

- Прв пат ќе ја впишеме црвената боја, тоа е боја на левицата, на социјалдемократијатра, на победата, боја на слободата, на животот, тоа е боја на македонската иднина, рече лидерот во онлајн обраќањето.

Тој додаде дека во статутот на СДСм ќе биде формиран и Форум на пензионери, како што има Форум на жени и Социјалдемократска младина на Македонија.

- Очекувам дека овие одлуки низ плодна дебата тие денеска да бидат усвоени од страна на конгресот, додаде премиерот.

Со денешните измени, СДСМ ќе биде првата партија во која непосредно секој член ќе може да гласа и директно ќе одлучува кој ќе ја раководи. Тоа за прв пат ќе се случи следната година на пролет кога истекува мандатот на актуелното раководство.

- Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација и да бидеме поблиски до членството и до граѓаните. Да обезбедиме уште поголема инклузивнсот, наведе Заев.

Тој како една од измените порача дека е воведувањето на родова еднаквост. 

- СДСМ е прва партија, а може и во Европа и Светот, со целосна еднаквост на мажите и жените во органите на партијата, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното