Добивај вести на Viber
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги повика сите обвинети од најголемата опозициска партија да не бегаат од затвор туку да се соочат со пресудите.
„Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО ДПМЕ, поранешни и сегашни функционери.
Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.
Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.
ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата. Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден“, гласи реакцијата на СДСМ.