20 Декември, 2025
0.2653

СДСМ: Во Македонија постојат само фантомски вработувања

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2016 13:30

Добивај вести на Viber

Поразителни се податоците дека десетици илјади жители годишно ја напуштаат Источна Македонија од своите родни огништа, и тоа со странски пасоши a директорот  на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски вели дека секојдневно се отвораат по 600 работни места, велат од СДСМ. „Секоја година се празнат Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево и Берово. Тоа најдобро го чувствуваат семејствата чиишто деца се заминати, а според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе. Никола Груевски не може да влијае на овие податоци. Тие се реални, не се фантомски“, велат од партијата на Заев. Поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија, велат оттаму, посочувајќи на големиот број дипломирани инженери, економисти, правници кои се принудени да работат и како келнери. Велат дека  над 180 илјади граѓани се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, а власта  за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните. Во Македонија постојат фантомски вработувања, во реалноста невработеноста расте, потенцираат од опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри