19 Мај, 2024
0.0265

СДСМ за капиталните инвестиции: Изведувачот на автопатот Скопје - Блаце започна со работа

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ во своето последно соопштение известува дека Владата реализира сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти за време на глобална и економска здравствена криза, а од таму меѓудругото додаваат дека изведувачот веќе започнал да работа на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце како дел од коридорот 10.

„Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа низ целата држава, во вредност од 800 милиони евра. Автопатот Кичево – Охрид веќе добива засилена динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа“, вели СДСМ во своето соопштение коментирајќи ги капиталните инвестиции.

Од владеачката партија додаваат дека во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредност од 42 милиони евра, а како што велат од таму, обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините. 

„Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти. Во Пробиштип, Неготино, Виница, Свети Николе и Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнува изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес. Продолжува и процесот на гасификација, реализирани се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра. Се работи и на правецот Неготино-Кавадарци-Битола, каде се реализирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?