18 Мај, 2024
0.2804

СДСМ: Законот за забрана за увоз на отпад ќе биде изгласан, по изборите ќе биде надграден

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по вчерашниот протест пред Собранието излезе со соопштение во кое вели дека застанува зад Законот за забрана на увоз на отпад, кој сепак се уште не е изгласан и неговото донесување и натаму се одложува.

„СДСМ продолжува со одговорното однесување за заштита и унапредување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните. Затоа ќе застанеме зад Законот за забрана за увоз на отпад,. Пратеници на СДСМ се обврзуваат дека ќе овозможат системско решение кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава. Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав, ќе се акредитира домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори и конечно системот ќе почне да функционира.

Факт е дека после долги години манипулирање со граѓаните и загрозување на нивното здравје, се преземаат вистински мерки за управување со отпадот. Започната е постапка за отстранување на опасниот отпад од ОХИС, главната депонија Дрисла е повторно под надлежност на градот, засилени се инспекциските контроли…

Ако се компарираат бројките на увезен отпад јасно е дека во времето на режимското владеење се увезувале по стотина илјади тони годишно, а последните години количината е намалена на само две до три илјади тони“ се вели во соопштението на владеачката партија.

Пред Собранието вчера се одржа протест во организација на движењето „Петоци за иднинатата Скопје“ чии поддржувачи бараат да се изгласа закон за забрана на увоз на опасен отпад пред распуштање на парламентарниот состав.

Учесниците на протестот рекоа дека сакаат да извршат притисок врз Собранието да се изгласа законот. Порачаа, како што велат, дека нема да бидат тивки се додека не се реши ситуацијата со отпадот, и потенцираат дека се потребни конкретни активности за значително намалување на аерозагадувањето.

Дел од учесниците на протестот наведоа дека загадувањето се зголемува со употреба на горива кои се обработуваат од рециклирање на увезен отпад.

Тие доставија барање за средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со цел да добијат објаснување зошто донесувањето на овој закон постојано се одложува.

Претходно, истиот ден координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески најави дека ќе го поддржат Предлог-законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија, а кое е влезено во собраниска процедура, и е поднесено од нивниот коалициски партнер ДОМ.

Законското решение веќе е на собраниска седница и требаше да биде изгласано, но точката на дневен ред беше прескокната со образложение дека треба да се направат дополнителни консултации. Подоцна беше соопштено дека се проверува дали Македонија ќе добие забрана за извоз на отпад доколку ние воведеме вакви мерки


Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада