Сити галери и Метропол добиваат нов барокен лик, кој ќе ги гради?
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2013 08:11
Инаку идејното решение за зградата на „Метропол“ и на „Сити галери“ предвидува запазување на неокласичниот стилски правец, во која што насока веќе се реконструираат сите околни згради во строгиот центар на градот. Се работи за труд на архитектите Лазар Димов и Никола Стакинов, кои за изработката на идејното решение добија награда од 450.000 денари. Засега визуелните материјали градските власти не ги октриваат.
Цел “Мал Ринг” во барок
Деталниот урбанистички план Мал Ринг, е речиси единствениот план кој претрпе најмногу промени. Токму и реновирањето на фасадите на објектите на плоштадот во барокен стил беше предвидено и со последните измени на овој ДУП. Освен фасадите на зградите и деловните објекти, градскиот центар наскоро ќе добие и барокни киосци за продажба на сендвичи и весници.
Засега останува непознато колку пари ќе се потрошат од градската каса поединачко за фасадите на објектите „Метропол“ и „Сити галери“. Реконструкцијата на фасадите во строгиот центар на градот е влезена во тригодишната Програма за развој од 2013 до 2015 година на Град Скопје. Од Градот во Програмата оразложуваат дека новите фасади ќе го направат Скопје попривлечен за туристите. Дел од парите за реконструкциите се преку капитални дотации односно од Владата. Од градската каса оваа година за реконструкција на фасадите ќе се потрошат околу2,3 милиони евра, во 2014 и 2015 година по околу 1,6 милиони евра. Според проценките, досега само за реконструкција на фасадите на три објекти во центарот на градот се потрошени повеќе од еден милион евра.
Во текот на овој месец треба да биде познато и идејното решение за обнова на фасадата на Градскиот трговски центар. Првиот обид за избор беше неуспешен, односно се поништи бидејќи беше пристигната само една понуда, со идејно решение за футуристичка фасада. Дали и овој објект ќе мора да се вклопи во амбиентот односно да добие неокласицитичка фасада, ќе се знае до крајот на месецот.
Ј.С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





